Промоцијата на романот „Името ми е Вивиен Ли” од Горјан Петревски

На 16.12.2021 година, 13 часот,  во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев “ Велес, се одржа средба со најчитаниот писател  Горјан Петревски. Повод беше промоцијата на неговиот најнов роман „Името ми е Вивиен Ли”, како и промоцијата на романот „Задоцнетите писма на Споменка”  во Брајово писмо. Средбата ја отвори директорката на Библиотеката  Стефани Андреевска.

Преку презентација присутните се запознаа со животот и делото на авторот. Романот „Името ми е Вивиен Ли”  го промовираше писателката Наташа Брезовска-Богоевска. Во присуство на претседателката на Здружението на слепите лица од  Општина Велес, Јадранка Лазаровска,  книгата „Задоцнетите писма на Споменка” изработена со Брајово писмо беше промовирана од Тони Пајдаков.

На средбата присуствуваа ученици од училиштето „Св. Кирил и Методиј” со менторката Анита Мирчева кои не почестија со драмски изведби базирани на романите од авторот. Посебен сјај на средбата ѝ дадоа изведбите на  членовите на Балетското студио „Анабела“ со менторката Цеца Пајдакова. Како и секогаш авторот срдечно одговараше на поставените прашања од учениците.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...

Промоција на јубилејната 100 та книга „Од дното на душата“ од Вера Благојевиќ Самарјанин

Промоција на јубилејната 100 та книга „Од дното на душата“ од Вера Благојевиќ Самарјанин

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на јубилејната 100 та книга на авторката Вера Благојевиќ Самарјанин, „Од дното на душата“ Љубителите на уметноста, на убавиот пишан збор уживаа во нејзините стихови. Таа е еден од најпознатите...

Уредувачки маратон за одбележување на Меѓународниот ден на бегалците.

Уредувачки маратон за одбележување на Меѓународниот ден на бегалците.

Денес во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се се одржа уредувачки маратон на тема „Светски ден на бегалците“. Активноста беше дел од глобалниот повик International Refugee Day којшто се одвива од 20-26 јуни оваа година. Настанот со одржа во...