КОРИСНИЦИ

Врз основа на член 27 став 3 од Законот за библиотеки, Управниот одбор на својот редовен состанок одржан на ден 04.11.2021 година во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ ја донесе следнава:

ОДЛУКА

за висината на чланарината и амортизацијата за 2022 година

Член 1

Висината на членарината за 2022 година во одделот за деца ќе изнесува 150 денари и притоа се наплатува 10 денари за амортизација (заемнина) за секоја позајмена книга, енциклопедии и друг материјал.

Член 2

Висината на членарината за 2022 година во Одделот за возрасни ќе изнесува 150 денари и притоа се наплатува 20 денари за амортизација (заемнина) за секоја позајмена книга, за користење на Службен весник на РСМ, периодика, речници, енциклопедиски изданија. Сите останати услуги на Библиотеката (Медијатека) бесплатно ќе ги користат членовите на библиотеката што платиле членарина 150 денари годишно.

Член 3

За Одделот за возрасни и Одделот за деца важат следниве цени: Задоцнина изнесува 2,00 денари дневно за примерокпрва опомена изнесува 10,00 денаривтора опомена 20,00 денаритрета опомена 30,00 денаричетврта опомена 50,00 денари, резервација на книга 10,00 денари, изгубена членска карта 10,00 денари. Зачленувањето на социјални случаи е бесплатно, со напомена дека членството започнува од 01.01.2022 година и трае до 31.12.2022, и тие ќе плаќаат амортизација во износ од 10 односно 20 денари за секоја позајмена книга.

Член 4

Висината на членарината за 2022 година за организациската единица Градско ќе изнесува 150 денари и 10 денари за амортизација за секоја позајмена книга.

Член 5

Членарината за 2022 година се однесува од денот на зачленувањето до истиот период наредната година. Секој корисник на услугата на Библиотеката треба да биде член и може да користи услуга само од тој оддел каде е зачленет.

Член 6

За оние кои не се членови на Библиотеката се наплаќа по 30 денари од услуга.

Член 7

Одлуката стапува во сила 01.01.2022 година.

 

Право на членувањето во Библиотеката има секој жител на Општина Велес.

Зачленувањето се врши со лична исправа (лична карта или патна исправа).

Рок на дозволено задржување на изнајмената литература е 14 дена.

Работно време:

– секој работен  ден  (понеделник-петок) од 8:00 до 16:00;