(ВИДЕО) Интервју со младата поетеса Бојана Спасовска

По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека подготви неколку активности во чест на нашиот патрон. Како поддршка на младите роднокрајни автори направивме интервју со младата поетеса Бојана Спасовска, по повод издавањето на стихозбирката „Од мој агол“.

Бојана Спасовска е исклучителна млада личност, која со право го заслучува епитетот најдобра најдобар ученик во одделение,во генерација, во паралелка, добитник на многу награди на општинско, државно, меѓународно ниво..

А сепак тивка и скромна по карактер, што ја прави уште повредна во нашите очи.

Нејзинта прва стихозбирка Од мој агол “ е збир на стихови кои ја сликаат поетската душа во патот на созревање. Од стихови кои го обојуваат детството со сите негови мигови, до првите сознанија и разочарување кои ја отвараат вратата во светот на возрасните. Бојана наоѓа инспирација буквално во сѐ . Самата збирка е поделена според мотивска припадност. Таа посветува еден дел на својата татковина , на нејзината природна убавина, нејзината историја ни дава дел од своето другарување,

пее за најверниот другар –книгата и не пушта на момент да ѕирнеме во нејзиното семејство.

„Како досега така и понатаму ќе ме подржуваат,

Што е добро, а што лошо ќе ми кажуваат,

На вистинскиот пат ќе ме упатуваат,

Браќата се тие што најдобро ќе не советуваат.“

Несомнено дека токму тие се нејзината вистинска поддршка и поттик за творење.

Бојана преку своите стихови ни ги дава своите погледи за иднина, пее за своите разочарувања, па како и секој млад човек не ја изостава нити љубовта како мотив.

Нејзините стихови се шаренолики, присутни се епитети , компарации ,често го употребува реторското прашање, што ја слика токму како личност која постојано трага по одговори.

За една млада личност која поседува емотивна душа , која умее да вреднува и почитува, градејќи го својот стил оваа млада поетеса заслужува почит.

Рецензија на Наташа Брезовска – Богоевска

Како се роди љубовта кон пишаниот збор?

„Љубовта кон поезијата се роди уште во најраната возраст од моето детство. Луѓето често бараат место каде можат да споделат се, па за мене тоа беше лист од хартија. Моите размислувања, моите емоции ги пренесувам на едно парче хартија, бидејќи тоа ме исполнува и ме прави среќна.“

Кога настанаа првите стихови?

„Првите стихови настанаа на околу 12 годишна возраст“.

За што пееше првата песна?

„Првата песна пееше за мојата татковина и моите воодушевувања од нејзината убавина“.

Каде наоѓаш инспирација за пишување?

„Инспирација пронаоѓам во животните приказни на луѓето, мојот животен пат, бунт или неправедни теми кои вознемируваат општеството, и секако љубовта која е клуч за среќен и исполнет живот“.

Можеш ли да наброиш награди кои си ги освојувала?

„Имам голем број на награди, како во Македонија, така и од училиштата од регионот. Многубројни награди на литературни конкуси кои ги распишуваа училиштата. Посебна радост ми донесе Меѓународната награда „Јанус Сивериј“ во Нови Сад, потоа наградите на меѓународните фестивали, „Душко Трифуновиќ“, „Станислав Препрек“ и други“

Кога прв пат објави песна и каде?

„Прв пат објавив песна во списанието „Развигор“ кој го добивавме секој месец за време на основното образование“.

Кој е патот што го помина за да ја објавиш својата прва книга?

„Од секогаш сакав мојата поезија да завземе место во мојата мала библиотека. Тоа се случи благодарејќи на Здружението „Дата Песнопој“. Мојот пат немаше да биде лесен ако ја немав подршката секако од моите луѓе кои ги сакам“.

Кои се твоите планови за иднина?

„Покрај моето образование планирам да продолжам со пишувањето и мојата книга да биде почеток на моите успеси“.

Каква порака би им испратила на младите?

„Младите па и постарите ги охрабрувам да веруваат во себе и своите цели, и да не се откажуваат од првата препрека. Ниту еден пат не е лесен, но истрајноста, љубовта и самодовербата вродуваат со плод“.

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...

Промоција на јубилејната 100 та книга „Од дното на душата“ од Вера Благојевиќ Самарјанин

Промоција на јубилејната 100 та книга „Од дното на душата“ од Вера Благојевиќ Самарјанин

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на јубилејната 100 та книга на авторката Вера Благојевиќ Самарјанин, „Од дното на душата“ Љубителите на уметноста, на убавиот пишан збор уживаа во нејзините стихови. Таа е еден од најпознатите...

Уредувачки маратон за одбележување на Меѓународниот ден на бегалците.

Уредувачки маратон за одбележување на Меѓународниот ден на бегалците.

Денес во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се се одржа уредувачки маратон на тема „Светски ден на бегалците“. Активноста беше дел од глобалниот повик International Refugee Day којшто се одвива од 20-26 јуни оваа година. Настанот со одржа во...